MK
EN
Проектот 'СкопјеРасте' е интернет платформа која се занимава со прикажување и анализирање на градските четврти Дебар Маало и Буњаковец низ неколку елементарни и хронолошки параметри: СТАНБЕНАТА СТРУКТУРА - како таа расте, се проширува и згуснува? ПАРКИРАЊЕТО како реакција на зголемениот број станбени единици. Кои алтернативи ги нуди ДУП-от и како се справува со истиот проблем? И секако - ЗЕЛЕНИЛОТО како параметар, кој едноставно исчезнува во рамките на оваа урбана целина.

Оваа платформа на некој начин се обидува да влијае на микро ниво, како информативна и едукативна каписла, која ќе поттикне вклучување на оние субјекти кои претходно биле пасивни.
Овој сајт е реализиран со финансиска поддршка од
Think Tank Fund и Information Program на Open Society Foundations.